Борусија Дортмунд го победи со убедливи 4:0 Шалке на рестартот на Првата Бундеслига и ја запиша првата победа над лутиот ривал од 2015 година наваму.

Минатата пролет Шалке триумфираше во Дортмунд со 4:2, а на предпоследното гостување избори бод откако претходно губеше со 0:4 на полувремето. Сега играчите на Шалке одиграа бледо и логично Борусија заслужено победата.

Головите за домакините ги постигнаа Халанд (29), Гереро (45 и 63) и Азар (48). Со оваа победа Дортмунд има 54 бода и се доближи само на бод од Баерн Минхен.

Баварците имаат меч помалку. Шалке е на средината на табелата со 37 бода. Треба да се одбележи дека средбата се играше пред празни трибини, заради мерките против пандемијата од коронавирус.

Резултати Германија: Борусија Дортмунд – Шалке 4-0, Аугсбург – Волфсбург 1-2, Фортуна Диселдорф – Падерборн 0-0, Хофенхајм – Херта 0-3, Лајпциг – Фрајбург 1-1.