Тројца фудбалери на италијанскиот гигант Јувентус се излекувани од коронавирус, кој беснее низ целиот свет, објавија “бјанконерите”.

Дефанзивецот Даниеле Ругани, кој беше првиот познат фудбалер, имал негативен тест, како фудбалерот од средниот ред, Блес Матуиди.

Претходно во италијанските медиуми имаше информација, дека напаѓачот Пауло Дибала исто се чувствува подобро. Неофицијална информација е дека аргентинскиот репрезентативец исто имал негативен тест.

Се очекува Дибала да помине низ нови тестирања, зошто веќе еднаш беше дијагностициран како здрав, но резултатот потоа пак му беше позитивен.