Бившиот фудбалер на Ливерпул – Дитмар Хаман, упати остри зборови на адреса на Рахим Стерлинг по 1/2-финалниот меч на Евро 2020 меѓу Англија и Данска. 

“Трите лава” славеа со 2:1 по продолженија на “Вембли”, но спорен пенал остави дамка на мечот. Истиот Хари Кејн го промаши, но при одбиената топка непогрршо и ги прати островјаните прв пат во нивната историја во финале на шампионат на Стариот континент.

“Ова беше како гмуркање. Срамно решение. Разбирам дека требаше да го направи тоа што се бараше од него, но Стерлинг да не забрава дека го гледат и деца”, изјави Хаман за RTE.

Во битка за трофејот Англија ќе се сретне со Италија, повторно на “Вембли”. Големото финале ќе се игра во недела од 21.00 часот.