Фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала повторно беше позитивен на тест за коронавирус, што е вкупно четврти пат. 

На 21 март Дибала напиша на “Твитер”, дека е заразен со COVID-19.

Малку подоцна тој откри дека се излекувал, но на почетокот на април девојката на фудбалерот Оријана Сабатини соопбти дека двајцата повторно имале позитивни резултати. 

Во текот на мај Јувентус планира да го стартува тренажниот процес, па допрва ќе се види каква ќе биде состојбата на младиот Аргентинец до тогаш.