Реал Мадрид бара силен централен дефанзивец. Според шпанскиот дневен весник Мундо Депортиво “белиот балет” сака да го купи Матија Де Лихт од Јувентус. Шпанскиот весник тврди дека веќе се спроведени и првични разговори. Самиот Де Лихт, кој тешко се адаптираше на италијанскиот фудбал изразил желба на го облече белиот дрес.

Јувентус сигурност ќе го намали буџетот заради кризната ситуација и се очекува “старата дама” да се раздели со некои од своите ѕвезди. Де Лихт беше купен за 85 млн. евра од Ајакс и Јуве ќе сака барем еднаква сума за евентуален трансфер. 

Освен Де Лихт се очекува и Матија Ди Шилио да биде продаден, а главен кандидат за купување на италијанскиот репрезентативец е ПСЖ.