Една од ѕвездите на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне сериозно размислува да го засили Реал (Мадрид) во текот на следниот трансферен период, тврди белгиски Sport/Foot.

Ситуацијата во таборот на “граѓаните” е дополнително усложнета не само заради коронавирусната инфекција, која го зафати целиот свет, туку и заради исфрлањето на тимот од Лигата на шампионите од следната сезона.

Зинедин Зидан исклучително многу го цени Белгиецот, како и Претседателот на “кралевите” Флорентино Перес, кој ќе направи се да го донесе на “Сантијаго Бернабеу”.

“Кралевите” знаат дека фудбалер како белгискиот репрезентативец ќе реши доста од проблемите во средниот ред кои се појавија оваа сезона.

Сеуште не е познато за која Сити ќе биде поготовен да го продаде својот играч.