Сајтот 101greatgoals.com денес објави интересен материјал за хрватскиот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен и неговата активност на темата COVID-19 во последно време. Од медиумот посочуваат дека Ловрен верува дека коронавирусот е дел од голема конспирација и е фан на популарниот британски општественик Дејвид Ајк.

Во материјалот на 101greatgoals е покажана реакцијата на Ловрен на карикатура со антивакцинирачка порака, на која основачот на Microsoft Бил Гејтс држи шприц и вели: “Телото е твое, изборот е мој”. Картинката е објавена на Instagram од хрватскиот политичар Иван Пернар, а стоперот на Ливерпул коментирал со емоции “молејќи се со раце”.

Потоа Ловрен додава коментар на фотката на Бил Гејтс, на која милијардерот искажува благодарност кон здравствените работници. Коментарот на 30-годишниот фудбалер, сребрен медалист од Мундијалот во 2018,  е следниот: “Game over (во превод – играта заврши), Бил. Луѓето не се слепи!”.