Денеска добивме потврда за шпекулациите дека двајца фудбалери на Македонија Ѓорче Петров се позитивини на коронавирус.

Заразените фудбалери се изолирани, а освен нив изолирани се уште четворица кои биле во контакт со нив.

Ова е нов проблем за прволигашот од Ѓорче Петров, откако до сега во овој летен преоден рок клубот го напуштија голем дел од првотимците.

Македонија ЃП по Ренова и Шкендија, е третата наша екипа кај која се појавија позитивни на коронавирусот.