Дарко Илиески одигра добра сезона во тимот на Шкупи. Беше стандарден во последната линија на Чаирчани.

Но на Илиески летово му заврши договорот, тој разговараше со управата, но на негова адреса стигна нова, попримамлива понуда.

24-годишниот дефанзивец сигурно ќе биде од големо значење за целите нареши да го засили Пелистер, во неговиот кам-бек во Првата македонска фудбалска лига.

Илиевски својата кариера ја започна во редовите на 11 Октомври, потоа играше во Победа и Тиквеш имаше интернационален ангажман во Ерменија.