Фудбалот во Македонија е целосно стопиран, почнувајќи од аматерските лиги, се до Првата професионална македонска фудбалска лига, поради пандемијата со коронавирусот.

УЕФА се обидува да најде датуми за рестатирање на првенствата низ Европа, како и за репрезентативните дуели иако реално тоа може да се очекува веќе од наредниот месец.

Фудбалската федерација на Македонија до сега не излезе со никакво известување или став, кога би можел да се рестартира фудбалот во Македонија.

Многу веројатно е дека првенствата низ Европа ќе се рестартираат и дека ќе се доиграат, па така најверојатно ќе се рестартира и македонската прва лига.

Но што ќе се случи со младинските лиги? Ова прашање си го поставуваат клубовите, тренерите и младите фудбалери кои се дел од младинските лиги. Дали ќе биде потребно да ги изложуваме најмладите на ризик, бидејќи во овие категории секако резултатот не е во преден план и непостојат медиумски спонзори?

Бугарија за младинскиот фудбал одлучи само екипите од горниот дел на табелата да играат најпрвин четврт финале, па полуфинале и финале, без испаѓање. Нешто слично одлучи и Албанија каде ќе има плеј-оф исто без испаѓање, Косово сеуште нема одлука, Белгија веќе прогласи шампиони, додека младинските лиги во Холандија најверојатно нема да се доиграат бидејќи државата го стопираше фудбалот се до Септември.