На 06.03.2005 година е направена првата допинг контрола во македонскиот фудбал. Тоа било на натпреварот помеѓу ФК Беласица и ФК Работнички одигран во Струмица. Биле тестирани по двајца играчи од двете екипи, но за жал резултатот кај еден од тестираните играчи на гостите тестот бил позитивен.

Се работи голманот на Работнички, Јордан Георгиевски, кај кој по објавените резултати од допинг-комисијата на ФФМ била пронајдена забранетата супстанција салбутамол.

Салбутамолот е лек за астматичари Лекот салбутамол го користат луѓето што се болни од астма и најчесто се користи преку вдишување со инхалатор. Салбутамолот ги шири дишните патишта на луѓето што го користат, и на тие што се здрави во голема мера им ги зголемува капацитетот и физичката издржливост. Покрај тоа што се користи со инхалатор, салбутамолот може да се дава и интравенски.