Герет Бејл објави изненадувачка фудбалска пензија пред 2 недели. Сега бившиот фудбалер на Реал Мадрид откри, дека ќе започне голф кариера.

„Среќен сум што ќе ви соопштам дека ќе играм на турнирот AT&T Pebble Beach Pro-Am на почетокот на следниот месец! Продолжуваме напред“, напиша Бејл на социјалните мрежи.

Турнирот ќе се одржи од 2 до 5 февруари во Калифорнија. Во него ќе учествуваат 156 професионалци и 156 аматери. 

Наградниот фонд на турнирот е 9 милиони долари. Ова ќе биде првиот професионален голф турнир за Бејл.

Лајкнете на нашата страна на Facebook ТУКА