Гранада успешно стартуваше во продолжението на првенството во Ла Лига и со пресврт успеа да го победи Хетафе со 2:1 на „Лос Карменес“.

За популарните „два во еден“ се погрижи Карлос Фернандес со два гола за девет минути. Најпрво погоди во 70. минута на чуден начин, по грешка на комплетната одбрана на Хетафе, а потоа пак ја затресе мрежата на Сорија во 79. минута за победа.

Хетафе во премиерниот меч за двете екипи по долгата пауза поведе со погодoкот на Давид Тимот во 20. минута, но не успеа да издржи докрај и загуби вторпат по ред на гостувањата кај Гранада.

Ова беше вториот меч во шпанското првенство по паузата од три и пол месеци поради пандемијата со Коронавирус, а домашната екипа победи и вчера на премиерата, кога Севилја славеше со 2:0 против Бетис во популарното Ел Гран дерби.