Тренерот на италијанскиот гигант Јувентус – Маурицио Сари, ќе треба да се справи со огромни проблеми во одбраната за време на домашниот меч со Лече, кој ќе се игра во петок од 21.45 часот.

За време на синоќешната победа со 2:0 над Болоља, Матеја де Шиљо се повреди. Казнет е Данило, кој заработи црвен картон и е казнет. 

Со повреди се капитенот Џорџо Киелини и Мерих Демирал, а проблематичен е и Алекс Сандро.

Така реално Јувентус располага само со три здрави дефанзивици – Леонардо Бонучи, Даниеле Ругани и Матијас Де Лихт. Не е исклучено на позиција на лев бек да игра Блес Матуиди. Минатата сезона тој беше користен од Макс Алегри заради дефицитот на бекови.

Повредени кај Јуве се уште Сами Кедира и Гонзало Игуаин.