Големите клубови во Премиерлигата се плашат дека финансиската моќ на Манчестер Јунајтед може да значи враќање на клубот назад во борба за најголемите одличија.

Ливерпул, Тотенхем, Арсенал и Челси веќе прават сериозни реконструкции на плановите за летниот трансфер период, откако пандемијата од коронавирус ќе ја намали сериозно финансиската способност на тие клубови. 

“Црвените ѓаволи” ќе бидат големите добитници од целата ситуација и ќе се вратат пред време кон врвот на фудбалската пирамида. Информацијата ја пренесе “Mirror”. 

Финансиските показатели на клубот се далеку постабилни од состојбата на тие на голем број на конкуренти. Дури и трансферот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо да не биде купен ова лето, Јунајтед продолжува да биде во пол позиција за потписот на Англичанецот.