Германската антидопинг агенција (НАДА) ќе ги тестира фудбалерите, ако првенството во Бундеслигата продолжи пред празни стадиони.

Претставничката на НАДА Ева Бунтхоф за АП изјави дека агенцијата има “разработени концепти”‘ за испитување на урина и крв.

Германската Бундес лига се надева дека сезоната ќе продолжи во текот на следниот месец по двомесечна пауза заради пандемијата од коронавирус. Бунтхоф додаде дека “најважни се мерките за сигурност, за да се гарантира дека има валиден система за превенција, за да се прекине заразувањето со COVID-19”.