Не беше само тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан оној кој имаше јубилеен натпревар синоќа, седејќи по 200-ти пат на кралската клупа, притоа постигна победа над Еибар со 3:1. 

Натпреварот беше јубилеен и за Герет Бејл, кој влезе од клупата и одигра половина час на теренот, за да го запише 250-иот меч во дресот на Белите. 

По мечот Велшанецот доби специјален дрес на клубот од претседателот Флорентино Перес. Бејл во тие 250 меча постигал 105 гола и има 162 победи. 

Сите мечеви се распределени во 6 натпреварувања – 170 средби во Ла Лига, 55 во Лигата на шампионите, 13 во Купот на Кралот, 6 на светското клупско првенство и по 3 во суперкупот на Шпанија и Европа. 

Сезона со најмногу мечеви му е во 2014-15, кога запиша 48. Сезонава има само 19 меча и едвај 3 гола во нив, а најплодна му беше првата сезона со 22 гола.