Англискиот шампион, Манчестер Сити ја следи ситуацијата околу бекот на Барселона, Сержи Роберто, соопштува италијанското издание Calcio Mercato. 

29-годишниот Шпанец има договор со каталонците до 30 јуни 2022 година и засега нема индикации, дека тој ќе биде продолжен. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не ги крие своите симпатии кон техничарот и веќе ја планира иднината на тимот со него.

Граѓаните ќе испратат предлог до Роберто во зимскиот трансфер период, кога фудбалерот веќе ќе има право да контактира со други клубови.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУKA