Раководството на Арсенал е во напредни преговори со напаѓачот на Манчестер Сити – Габриел Жезус, пишува британският “Daily Mail”.

Според изданието менаџерот на лондончани, Микел Артета е голем фан на Бразилецот. Во последните месеци техничкиот директор на Арсенал – Еду е во контакт со претставниците на својот сонародник и постигнал напредок во преговорите.

“Топчиите” сметаат, дека можат да го убедат 25-годишниот напаѓач да заиграе на “Емиратс”, особено, ако се знае дека му останува само една година од петгодишниот договор.

Се тврди дека Жезус е подготовен да го напушти “Етихад” во барање на нов предизвик.

Се очекува Арсенал да испрати понуда вредна околу 35 милиони фунти за Бразилецот.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА