Коронавирусот го продолжава своето распространување во светски рамки, и ситуацијата во Јужна Америка во моментов е доста лоша. И покрај тоа се прават обиди фудбалот да биде рестартиран. Речиси во цела Европа веќе се играат мечеви, а некои држави на јужно-американскиот континент изразија подготовност да ги рестартираат своите шампионати.

Првата држава, која објави рестарт на сезоната е Парагвај. Официјално таму шампионатот ќе се рестартира на 17-ти јули. Друга држава која изрази подготовност за рестарт е Еквадор. Државата со главен град Кито, која е со население од 17000000 луѓе е една од најзасегнатите од пандемијата. Од тамошната федерација настојуваат првенството да биде рестартирано и да се игра без публика. Се чека на одобрение од здравствените власти, но дека тоа ќе се случи е повеќе од сигурно.

Во Еквадор се очекува рестарт на сезоната на 17-и јули, истиот датум, на кој ќе стартуваат и фудбалските средби во Парагвај. Од еквадорската федерација ги предупредија сите, дека при  најмали непочитувања на мерките ќе има солени казни. Од федерацијата изјавија дека строго ќе ги следат почитувањето на сите правила и при повторно нарушување на мерките, ги заплашија тимовите со уште посериозни санкции, освен доста високите казни, кои се предвидуваат.