Футдалерите од шведското првенство нема да прават тестови за COVID-19 пред тренинзи или натпревари, стои во протоколот за рестарт на професионалниот фудбал во државата. Наместо тоа, тие сами треба да ја следат здравствената состојба и да ги известуваат клупските лекари за тоа до два часа пред пристигнувањето во тренинг базите или на стадионите за натпревар.

Ако имаат симптоми на коронавирус, фудбалерите треба да останат дома.

Швеѓаните ги следват генералните препораки од властите, според кои “само луѓето, кои се чувствуваат многу болни, треба да ги посетат болниците за корона тест”, објавија од Лигата за Асосиејтед прес.
“Во таа смисла, ние нема да ги тестираме фудбалерите”, изјавија од шведската лига.

Во Шведска моментално настапуваат троица македонски фудбалери и тоа: Бесард Шабовиќ, Даниел Крезиќ и Дарко Трајчев.