Во средата и четвртокот беше извршено тестирањето на ковид-19 на сите фудбалери, стручниот штаб, целиот логистички тим и Управниот одбор, на ФК Пелистер.

Добрата вест е што сите тестови се негативни и Штерјовски и пелистерци утре попладне од 16:30 часот ќе ги стартуваат подготовките за новите предизвици.

На првиот тренинг ќе се појават трите засилувања Талески, Илиески и Танушев.