Клубовите од англиската Премиерлига ќе имаат право на пет замени за време на еден меч, кога шампионатот ќе продолжи, извести весникот “Сан”.

Идејата е да се зачува здравјето на фудбалерите и да се избегнат чести повреди, затоа и секој тим ќе може да внесе две дополнителни свежи сили.

Наложениот карантин заради пандемијата со коронавирусот ја наруши подготвеноста на професионалните фудбалери и според некои експерти ќе има многу повреди при “рестартирање” на фудбалот во Европа.

Светската фудбалска централа ФИФА веќе даде зелено светло за времена превентивна мерка и сега се зависи од газдите на елитните англиски клубови.