Во „Куќа на фудбалот“ денеска беа извлечени паровите за бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.

На 7. јули на Градскиот стадион во Тетово, воведниот натпревар ќе го одиграат екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна.

На 10. јули на Градскиот стадион во Тетово, ќе се соочат екипите на ФК Чаклани и ФК Велешта. 

Во последниот круг на 13. јули, исто така на Градскиот стадион во Тетово, (ќе се одигра доколку има натпреварувачко значење), ФК Велешта ќе игра против ФК Фортуна.

На 10. јули на Градскиот стадион во Штип, бараж натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток ќе го одиграат екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница.

Сите натпревари се закажани од 17:00 часот.

Екипите кои се дел од бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ се должни безусловно да ги спроведуваат насоките, препораките и мерките запишани во Протоколот во насока на заштита на здравјето на сите чинители во фудбалската игра.