ПСЖ најверојатно како слободен агент ќе го ангажира фудбалерот на Челси од средниот ред, Вилијан по крајот на сезоната, тврди шпански “Дон Балон”. 

Бразилецот има договор со “сините” до крајот на јуни и најверојатно нема да го обнови својот договор.

Неговото име се поврзуваше засилено и со Барселона, на крај каталонците се откажале од идејата да го привлчат без пари.

За ПСЖ е голем плус што Бразилецот ќе може да акостира на Паркот на принцевите без трансферна сума.