Легендата на италијанскиот фудбал, Кристијан Виери го спореди Бразилецот Роналдо со суперѕвездата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо. 

Кариерата на Феноменот не може да се споредува со таа на Португалецот, но Бразилецот поседуваше огромен талент и само повредите му попречија да остане долги години на светскиот врв. 

“Пријател сум со Рони и имав среќа да играм заедно со него. Тој имаше се. Беше експлозивен, силен и брз. Бразилецот изгледаше како танчер со топка во нога”, искоментира Виери. 

“Бразилецот Роналдо е подобар од Кристијано Роналдо.” 

“Кристијано е воена машина, тој заслужава почит за се што постигнал и продолжува да постигнуа. Тој може да игра до 40-годишна возраст, Роналдо има неверојатен физикус.”