Хуго Љорис и Хјунг-Мин Сон брзо ги надминаа недоразбирањата што во финишот на првото полувреме на мечот меѓу Тотенхем и Евертон за малку ќе ги доведеше до меѓусебна тепачка, па на крајот заедно се радуваа на победа.

Тотенхем славеше со 1:0, со автоголот на Кин во 24. минута, но најинтересно беше веднаш по завршувањето на првото полувреме.

Од непознати причини Љорис бесен трчаше кон Сон за да се пресмета, дојде до туркање меѓу двајцата членови на домашниот тим, но за среќа соиграчите беа блиску и спречија тепачка и поголем инцидент.

Двајцата домашни играчи набрзина се оладија на паузата меѓу двете полувремиња и на почетокот на вториот дел дури и се изгушкаа пред да излезат на терен.

Тотенхем со победата вечерва се приклучи во битката за позиции што водат во Европа Лигата. Имаат 48 бода на осмото место, за разлика од Евертон кој има 44 бода и многу мали шанси за евронастап.