Јувентус стигна до лесна победа во Серија А, совладувајќи го Лече со 4-0.

Црвен картон за домаќините заработи Лучиони во 32-та минута, момент кој значително му ја олесни работата на Јуве во вториот дел.

Дибала во 53-тата минута донесе водство од 1:0, а Во 61-та Кристијано Роналдо од пенал зголеми на 2:0. Гонзало Игуаин зголеми на 3:0 во 84-тата минута, а конечните 4:0 ги постави Матајс де Лихт во 86-тата минута.

Мечот го одбележа неверојатното промашување на Португалецот, кое можеби е и најголемо во неговата кариера. И тоа при резултат 0:0, во финишот на првото полувреме, кога по корнер остана само пред голот и утна цел гол.