Едно од најголените руски дербија меѓу Зенит Санкт Петербург и Спартак Москва во купот стана најгрозна сцена во оваа 2022 г. на фудбалските терени. Фудбалерите на двата тима се тепаа на теренот и како резултат тоа дури шестмина беа избркани од игра.

Проблемот стартуваше кон крајот на регуларното време при резултат 0:0, кога Куински Промес од гостите и Вилмар Бариос од домакините застанаа рамо до рамо и разменија реплики на половината на „московјаните“. Маслото во оганот додаде Родригао Прадо од Зенит, бидејќи тој прв реши да удри противник пред очите на главниот судија.

Шесте избркани беа рамномерно од двата тима, но интересно беше, што сите тие беа резерви, а не играчи кои играа. Тоа се Малком, Бариос, Родриго, Соболев, Николсон и Селихов.

На фудбалски план средбата се реши по изведување на прнали со 4:2 за гигантот од Санкт Петербург, но ферплрјот не беше на посакуваното ниво.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА