6′ Немања Максимовиќ центрираше до Александар Митровиќ, напаѓачот шутираше со глава, но топката мина над голот.

11′ Митровиќ направи двојно додавање со Душан Тадиќ, кој шутираше но ја погоди десната статива.

17′ Грешка во одбраната на африканците, топката стигна до Митровиќ, кој небеше прецизен.

19′ Пиер Кунде проби по десно крило, шутираше, но Вања Милинковиќ-Савиќ одбрани без проблем.

29′ ГОООЛ за Камерун! Кунде центрираше, Н’Кулу одби до Жан-Шарл Кастелето и отблизу го отвори резултатот.

45+1′ ГОООЛ за Србиja ! Тадиќ центрираше, а Страхиња Павловиќ погоди со глава за 1:1.

45+3′ ГОООЛ за Србија! “Нескротливите лавови” не успеаа да исчистат добро топката и таа дојде до Андрија Живковиќ, кој,веднаш го најде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој со силен удар го совлада Девис Епас.

53′ ГОООЛ за Србија! Камерунците погрешија по еден аут и “белите орли” направија контра. Митровиќ комбинираше со Костиќ, кој додаде до Живковиќ. Крилото на ПАОК замавна и врати до Митровиќ, погоди рутинирано.

57′ Милиметри го разделија Чупо-Мотинг од гол.

63′ ГОООЛ За Камерун! Резервистот Абубакар изби сам пред Вања Милинковиќ-Савиќ и елегантно го префрли.

66′ ГОООЛ за Камерун! Абубакар изби сам пред голманот и додаде кон Чупо-Мотинг, кој погоди за 3:3.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА