Спортинг Лисабон со 3-1 победи на гостувањето кај Белененсес, а Стефан Ристовски играше до 73-та минута и беше асистент на најубавиот гол на натпреварот.

Екипата на Спортинг играше со дресови со името Матје на грбот. Ова е во чест на францускиот дефанзивец Жереми Матје, кој завчера се повреди и реши да стави крај на кариерата. Матје од 2017 година е во Спортинг.

Голот на Кабрал за 2-1, по убаво нафрлување на македонскиот десен бек може да го погледнете ОВДЕ.