Севиља успеа да ја прекине серијата од три порази по ред со гол-разлика од 1:14 во дуелите со Барселона и одигра нерешено во меч од 30. коло во Ла Лига.

Двете екипи имаа шанси за голови, но не успеаја да ја затресат мрежата на Вацлик и на Тер Штеген, па мечот заврши без голови.

Ова е прво реми без голови на двете екипи по пауза од цели 9 години. Последен пат беше 0:0 на „Камп Ноу“ во октомври 2011 година.

На исходот на мечот на „Рамон Санчес Писхуан“ најмногу се радува Реал Мадрид, екипа што има шанси со победа против Реал Сосиедад да се израмни на врвот на табелата со вечниот ривал Барселона.

Каталонците се лидери со 65 бода, три повеќе од Реал, но имаат одиграно еден меч повеќе.

Севиља остана на третото место, сега со 52 бода.

Севиља – Барселона 0:0

Севиља: Вацлик, Навас, Кунде, Карлос, Регилон, Жордан (69 – Гудел), Фернандо, Торес (46 – Банега), Окампос (84 – Васкес), Ел Хадади (59 – Сусо), Де Јонг (69 – Ел Несири)

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Пике, Лангле, Алба, Бускетс, Видал (79 – Гризман), Ракитиќ (89 – Пуч), Брејтвејт (63 – Артур), Меси, Суарес