Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски го постигна победнички гол за Ујпешт против Залаегерсег (2-1) со кој клубот обезбеди опстанок во првата лига на Унгарија.
Стоперот во 84-тата минута со волеј постигна прекрасен гол.
Ујпешт сега има пет бода предност пред конкурентите во битката за опстанок.