Реал Мадрид го совлада Алавес со головите на Бензема од пенал во 11-тата минута, и Марко Асенсио во 50-тата по асистенција на Бензема.

Ако Реал Мадрид ја освои титулата во сезоната 2019/20, трофејот треба да биде крстен по името на Карим Бензема. 

Зошто ако ги исклучиме неверојатните гол параметри на Серхио Рамос, Французинот е тој, кој доминира со авторитет во сите најважни статистички аспекти во селекцијата на Зинедин Зидан. При тоа не само во офанзивен план.

Бензема е број 9 за Белиот балет или подобро кажано нешто како девет и половина. Нешто повеќе од тоа, Карим стана клучниот играч за Белиот балет. 

Се наоѓа во одлична физичка форма, и како ја промени диетата пред 2 години и многу повеќе посвети време на лична подготовка. Тој е тивкиот лидер, а и умее да се чува од повреди. Тимот има потреба од таков офанзивен водач, откако Кристијано Роналдо замина во Јувентус и остави огромна празнина зад себе.

Карим не е Роналдо и никога нема да биде, но сепак важноста на Французинот во тимот е огромна. Тој е фудбалер со најмногу мечеви (33) сезонава, и најмногу како стартер (33) и најмногу победи (22). 

Води и во ранглистата за фудбалери со најмного натрупани минути (2829), а и логично е најдобриот напаќач на Зидан со своите 17 гола и 7 асистенции во Ла Лига.