Реал Мадрид покажа дека не забравил да победува и го победи дома Еибар со 3:1 пред празните трибини, на стадионот “Алфредо Ди Стефано” во Мадрид.

Ова беше првиот меч за “кралевите” по карантинот и тие го положија зададениот тест.

По 28-то коло на Ла Лига тимот на Зинедин Зидан е втор и е на само два бода зад лидерот Барселона.

Крос ги донесе во предност домакините во 4-ата минута. Во 30-тата минута Рамос практично ја “уби” интрига на мечот по асистенција на Азар. Седум минути потоа со прекрасен удар по земја Марсело погоди за убедливи 3:0.

Второто полувреме започна со добро темпо, но по точно 1 час игра започнаа масовите замени. Во 60-ата минута гостите го постигнаа почесниот гол преку Бигас, кој беше доста комичен.

До самиот крај немаше повеќе голови. 

Реал (Мадрид) – Еибар 3:1
1:0 Крос 4
2:0 Рамос 30
3:0 Марсело 37
3:1 Бигас 60

Реал (Мадрид): Куртоа, Рамос (61 – Милитао), Варан, Марсело, Карвахал (46 – Менди), Крос, Каземиро, Модриќ (84 – Валверде), Азар (61 – Винисиус), Родриго (61 – Бејл), Бензема

Еибар: Дмитровиќ, Оливеира, Арбияја(84 – Бургос), Кореа, Рафа (58 – Бигас), Орелана (57 – Леон), Кристофоро, Еспозито, Де Блазис (78 – Инуи), Кике (58 – Енрих)