Реал Мадрид славеше на тешкото гостување кај Атлетик Билбао со 0:1.

Серхио Рамос го постигна победничкиот гол од пенал, повторно од пенал.

Реал подобро го отвори натпреварот и создаде неколку шанси во првото полувреме, најзрелата ја имаше Бензема кој со глава од пет метри биеше над голот.

На другата страна Инаку Вилијамс имаше неколку доби шанси, но Куртоа не дозволи да биде совладан.

Клучниот момент на мечот се случи во 83-та минута кога судијата со помош на ВАР досуди пенал поради стартот над Марсело.

Сигурен реализатор беше Серхио Рамос со својот 10-ти гол сезонава.