Во рамките на 32 коло од Серија А на домашен терен Џенова играше против Спал во борба за опстанок во лигата.

Во 24 минута на асистенција на Фалке, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одлично се снајде во шеснаесетникот и со шут со десна нога го совлада противничкиот голман за водство од 1:0.

Врз македонскиот репрезентативец беше направен и прекршокот по кој Шене од слободен удар ги постави конечните 2:0.

Ова е деветти гол сезонава за Пандев и го носи тимот кон опстанокот во Серија А.