Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев го стави на аукција дресот од 100. настап во македонската репрезентација, а тоа беше на натпреварот против Летонија. Собраните средства ќе бидат донирани за болницата „8 септември“ во Скопје.

„Ова е мојот дрес од националниот тим на мечот Македонија – Летонија. Тоа за мене беше 100-ти натпревар во репрезентацијата“, рече Пандев.