Кристијано Роналдо несомнено е еден од најголемите фудбалери во историјата на Реал Мадрид.
Португалецот пристигна на “Сантијаго Бернабеу” од Манчестер Јунајтед во 2009-та година за рекордни тогаш 80 милиони фунти.
Роналдо постигна 450 гола во 438 натпревари за “белиот балет”.
Негова најдобра сезона можеби беше таа во 2011/12. Во тоа време тренер на Реал беше Жозе Мурињо, а “кралскиот клуб” успеа да стане шампион во Ла Лига. Тимот се играше одлично и освои цели 100 бода и постигна 112 гола низ сезоната.
Во таа сезона Роналдо постигна цели 60 гола и подели 15 асистенции.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОД НЕГОВИТЕ НАЈДОБРИ ПРЕДСТАВИ: