Наполи и Милан одиграа интересни 2:2 на „Сан Паоло“ и ја продолжуваат својата трка за место во Лига Европа. Наполи е шести, со два бода повеќе од Росонерите.

Милан водеше, па Наполи направи пресврт, на крај сите среќни и задоволни со реми. Милан на шест меча по ред дава барем два гола, ваква серија немале од сезонат 2011/2012 наваму, а првпат од декември 2011 погодија пенали на три средби едноподруго.

Македонскиот плејмејкер Елиф Елмас влезе во игра во 65-та минута, при 2:1 за Наполи.

Пред почетокот на мечот, дојде до срдечен поздрав на двете легенди на Милан, Паоло Малдини и Џенаро Гатузо. Гатузо 13 години играше за Милан, беше и тренер на тој клуб, а сега го води Наполи, па се чини дека нерешениот резултат е по негова мерка.

НаполиМилан 2:2
0:1 Тео Ернандес 20’
1:1 Џовани Ди Лоренцо 34’
2:1 Дрис Мертенс 60’
2:2 Франк Кеси 73’-пенал

НаполиОспина, Ди Лоренцо, Максимовиќ, Кулибали, Руи, Лоботка (65 – Елмас), Руис (65 – Деме), Жиелински, Кајехон (84 – Политано), Инсиње (74 – Лосано), Мертенс (74 – Милик)

МиланДонарума, Ернандес, Ромањоли, Кјаер, Конти, Кеси, Бенасер, Ребиќ (88 – Круниќ), Чалханоглу (61 – Бонавентура), Пакета (46 – Салемакерс), Ибрахимовиќ (61 – Леао)