Интер не издржа во финишот против Верона и наместо пресврт, ремизираше со конечни 2-2. 

Нероаѕурите речиси цело прво полувреме бркаа негатива, но раниот гол на Кандрева во вториот дел им даде надеж на гостите дека можат до три бода.

Се играше 55-тата минута кога искусниот италијански бек повторно беше виновен што се затресе мрежата на Верона, со мала помош од Димарко.

Домаќините сепак не се откажаа така лесно, па за заслужен бод погоди Велосо во 86-тата минута за конечни 2-2.

Интер со ова реми му го препушти третото место на Аталанта, сега има 65 бода и еден помалку од тимот од Бергамо, односно три помалку од второпласираниот Лацио.