Милан започна со убедлива победа по рестартот на сезоната во Серија А, а 1:4 беше најмалиот резултат, со кој “росоњерите” си тргнаа од Лече.
Момците на Стефано Пиоли одиграа добар меч и со головите на Саму Кастиехо (26), Џакомо Бонавентура (55), Анте Ребиќ (57) и Рафаел Леао (72) стигнаа заслужено до трите бода. Стрелец за гостите беше Марко Манкосу од пенал во 54-та минута.
Со овие три бода Милан се искачи на 7-та позиција во Серија А со 39. Лече остана во зоната за испаѓање – 18-то место со 25 бода.
0:1 Саму Кастиехо 26’
1:1 Марко Манкосу 54’-п
1:2 Џакомо Бонавентура 55’
1:3 Анте Ребиќ 57’
1:4 Рафаел Леао 72’
Лече: Габриел, Рисполи, Лусиони, Мекариело, Калдерони, Петричоне, Тахцидис, Манкосу (87 – Шахов), Сапонара (87 – Вера), Фалко, Лападула (46 – Бабакар)
Милан: Донарума, Конти, Кјаер (40 – Габија), Ромањоли, Ернандес, Кесие (86 – Пакета), Бенасер, Кастиехо (68 – Салемакерс), Бонавентура (86 – Билја), Чалханоглу, Ребиќ (68 – Леао)