Манчестер Јунајтед го совлада со 5-2 Борнмут, но најубавиот момент на средбата беше голот со кој гостите поведоа со 1-0. Жуниот Станислас го посрамоти 80-милиони евра платениот Хари Мегваер, му ја протна топката низ нозе, а потоа од мртов агол го совлада невнимателниот Давид Де Хеа кој не смееше да си дозволи да прими гол од таква позиција.

За Јунајтед кој се бори за пласман во Лигата на шампионите, ова беше прв примен гол дома од 22 јануари наваму. Негативата од 0-1 на влијаеше многу негативно на Црвените ѓаволи. Гринвуд, Рашфорд од пенал и Марсијал, погодија по еднаш, па на пауза, тимот на менаџерот Солскјер замина со убава предност.

Кинг од пенал беше стрелец на вториот гол за гостите, а убедливата победа за Јунајтед ја донесоа Гринвуд и Фернандес.

Ова е голот на Борнмут: