Ливерпул славеше победа со 2:0 како гостин на Интер и направи исклучително важен чекор кон учеството во 1/4-финалето на Лугата на шампионите.

Тимот на Јирген Клоп дојде до победата со головите на Роберто Фирмино и Мохамед Салах.

Бразилецот влезе како резерва на полувремето и беше прецизен со глава по центаршут од корнер.

Во 83-та минута по недоразбирање во одбраната на „неразурите“ Мо Салах се најде на вистинското место и ја прати топката во мрежата на Хандановиќ.

Сега пред реваншот на „Енфилд“ тимот на Клоп може да биде спокоен поради предноста со која се враќа од Италија.

Интер пак можеби ќе треба да се концентрира на игрите во првенството, каде ја предаде првата позиција минатото коло.

Видео извештај од натпреварот може да погледнете ОВДЕ.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА