Џенова претрпе тежок домашен пораз од Парма со 1:4.

Парма поведе во 18 -тата минута со гол на Корнелиус. Десет минути подоцна Џенова пропушти голема шанса за израмнува, Кришито не реализираше пенал.

Казната стигна во 33-тата минута кога Корелуис со својот втор гол зголеми на 2:0. Во 53. минута од вториот дел Корелиус комплетираше хет-трик за убедлива предност за Парма од 3:0.

Пандев од игра излезе во 58. минута, а во следниот напад Џенова доби нов пенал, овој пат Фалке успешно го реализираше, намали на 3:1 и донесе каква таква надеж за домаќините.

Но надежта комплетно ја сруши Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски кој погоди во 87. минута за конечни 4:1 за Парма.

Со гол на Белоти уште во 16. минута Торино со 1-0 го совлада Удинезе. Илија Несторовски беше стартер на мечот но и тој како Пандев немаше некоја посериозна шанса за гол, од игра излезе во 55. минута.

Извештај од натпреварот и головите може да погледнете ОВДЕ.