Барселона доби ново кроше во борбата за титулата во Ла Лига, ремизирајки 2:2 на гостувањето кај Селта во меч од 32-то коло.

“Блаугранас” одиграа многу квалитетно прво полувреме, во кое Лионел Меси беше најдобар. Неговата генијална асистенција во 20-ата минута во гол ја претвори Луис Суарес.

Пет минути по паузата одбраната на каталонците беше матирана од пас на Аспас, по кој Фјодор Смолов израмни. Суарес пак ја врати предноста на Барса во средината на второто полувреме.

Во 88-ата минута Јаго Аспас ја полеа Барса со ладен туш, израмнувајки го резултатот од слободен удар

Така шампионите загубија важни бодови и имаат 69 вкупно, со кои се вратија на врвот. Реал Мадрид има 68, но има меч помалку, а Селта е 16-та со 34 бода.