Јувентус е првиот финалист во Копа Италија, откако одигра 0-0, против Милан во првиот меч по рестартот на фудбалот во Италија.

Кристијано Роналдо промаши пенал за Јувентус во 17. минута од реванш мечот против Милан во полуфиналето на италијанскиот куп, а веднаш потоа во истата минута поради груб старт, Анте Ребиќ доби црвен картон.

По консултација со судиите во ВАР собата, судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка во 17. минута, а Португалецот ја погоди левата статива и не успеа да го постигне премиерниот гол во Италија, по фудбалската пауза од три и пол месеци.

Во второто полувреме двата тима имаа свои шанси кои не успеаја да ги искористат. Натпреварот заврши 0-0, што значи дека Јувентус пласман во финалето поради ремито од првиот меч на гости од 1-1.

Пред крајот на дуелот, Роналдо направи потег кој ќе се памти. По еден продор, Роналдо сакаше да нафрли, а пред него беше гостинскиот играч Диего Лаксал. Во обид да го блокира центаршутот на Роналдо, Уругваецот со лизгачки старт заврши надвор од теренот, а Роналдо елегантно нафрли.

По направените пресметки, Роналдо во последните четири години само четири пати промашува пенал, односно тоа му се случува еднаш годишно.