Барселона и Атлетико Мадрид ремизираа 2:2 во дербито на 33-тото коло во шпанската Ла Лига, играно на стадионот “Ноу Камп”.

Шампионите го отворија резултатот со голема доза на среќа, кога Диего Коста си постигна несреќен автогол. Пет минути потоа тој промши пенал.

Судијата Ернандес реши пеналот да биде повторен заради направен чекор напред на Марк-Андре тер Штеген. Овој пат Саул ја превзеде одговорноста и не погреши.

Малку по одморот и Барса доби пенал, и тоа историски, бидејќи суперѕвездата Лионел Меси го постигна голот број 700 во својата кариерата. Радостта на домакините не траеше долго, бидејќи Саул израмни повторно од пенал.

По најновиот кикс Барселона е се подалеку од титулата со освоени 70 бода, еден помалко од лидерот Реал Мадрид, кој има и меч помалку. Атлетико е трет со 59 бодови.