Интер ги зачува шансиве за титулата во Италија, преку пресврт над Парма во меч од 28-то коло на Серија “А”.

Нераѕурите славеа со 2:1 на стадионот “Енио Тардини”, иако до 84-ата минута губеа и ништо не наговестуваше дека ќе успеат да издвојуваат победа.

Во 15-ата минута Жервињо го отвори резултатот, а во 84-ата Стефан де Врај израмни. Малку потоа Куцка заработи црвен картон и во 87-ата минута младиот Алесандро Бастони ги постави кнечните 2:1.

На табелата Интер има 61 бод и заостанува 8 од лидерот Јувентус. Парма ја завзема 8-ма позиција со 39 бодови.