Борусија Менхенгладбах славеше со 4:2 над Борусија Дортмунд во првиот натпревар од 15-тото коло во Бундеслигата. Двата тима одиграа натпревар за уживање на навивачите, во кој домакините покажаа чудесна ефективност, а над сите беше Џонас Хофман со гол и две асистенции. 

Токму тој го отвори резултатот за домакините во 4-та минута. Во 19-та минута Џуд Белингам израмни, но во 26-та минута повторно Хофман зголеми на 2:1. Четири минути потоа Маркус Турам го совлада Грегор Кобел. 

Нико Шлотербек ја врати неизвесноста во мечот, кога постигна гол во 40-та минута за 3:2. Куадио Коне стрелаше за 4:2 и ја запечати победата на домаќините.

Со победата составот од Менхенгладбах има 22 бода на седмата позиција на табелата. Борусија Дортмунд пак е шеста со 25.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА